За Artonline

 

Artonline е водечка онлајн арт галерија, која ги поврзува луѓето со уметноста и уметниците кои тие ги сакаат.

Ние нудиме уникатна селекција на уметнички дела, цртежи скулптури и фотографии со различен ценовен ранг. Воедно овозможуваме на голем број на уметници од целиот свет да имаат уредена околина во која ќе може да ги прикажат и продадат своите дела.

Со седиште во Скопје, Artonline.mk го редефинира начинот на купување и продавање на уметнички дела, правејќи го процесот лесен и за купувачите и за уметниците.

Artonline.mk е формирана од страна на две водечки уметнички галерии лоцирани во Скопје - Galerija Martin и Arte Gallery.

Контактирајте нѐ:

Контактирајте нѐ:

Услови за користење

Пред да започнете со користење на нашите услуги, Ве молиме внимателно да ги прочитате вашите права и обврски како потрошувач при користење на нашите услуги. Со користење на нашата страница и услуги, значи дека сте ги прочитале овие услови на користење и дека сте во целост согласни со истите. Доколку наведените услови за вас се неприфатливи, ве молиме да не ја користете ова апликација.

Информациите и материјалите на овој сајт се од информативен карактер, и може да се користат исклучиво за добивање информации и купување на artonline.mk. Не смеете содржините да ги користете, репродуцирате, печатете или дистрибуирате  за било какви други намени.

Купување

Ако сте одлучиле да купите одредено уметничко дело, кликнете на копчето за купување, пополнете го формуларот со вашите податоци и следете ги понатамошните инструкции. По извршената нарачка, ќе добиете известување, потврда за достапноста на порачката, нејзин број, и нејзина уплата, по извршената уплата евидентирана на нашата сметка, се потврдува успешноста на извршената порачка, и се преминува кон нејзина достава. Достава може да биде со брза курирска служба или лична достава, и на тој начин вашето сакано уметничко дело ќе биде во вашиот дом. 

Цените на уметничките дела на artonline.mk се наведени во денари и евра.

Ви стоиме на располагање за која било друга опција, и доколку сакате, можеме да ве контактираме и да го организираме вашето купување.

Порачка

Сите производи прикажани на artonline.mk може да се порачаат преку Интернет 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Клиентите на територијата на Македонија можат брзо и лесно да ги нарачаат саканите дела на artonlinemk@gmail.com или galerijamartin@gmail.com

Аrtonline.mk го задржува правото да ја откаже нарачката во рок од 48 часа по регистрирањето на нарачката. Ова се однесува на ситуации кога галеријата проценува дека не може да ги исполни роковите за испорака од објективни причини. Можна е отстапка на боите прикажани на сајтот бидејќи тие можат да бидат под влијание на параметрите на вашиот компјутер или екран на мобилен телефон.

Галеријата го задржува правото да одбие нарачка од клиент со претходна историја на сомнителни нарачки.

Начин на плаќање

1. Постојат неколку начини на плаќање. Откако ќе извршите порачка на вашето омилено дело, ќе добиете известување, потврда за достапноста на порачката, нејзин број, и нејзина уплата. Уплатата се врши на трансакциска сметка која ќе ви биде доставена на вашата наведена е-mail адреса, по извршената уплата евидентирана на нашата сметка, се потврдува успешноста на извршената порачка, и се преминува кон нејзина достава (подетално за начинот  и времето на достава прочитајте подолу).

2. Давање пари при испорака лично од галериите

Ова се однесува на купување уметнички дела со готовина при испорака. 

Значи плаќање на износот на уметничкото дело од нарачката при подигнување на пратката. Плаќањето се врши во готово при рака на доставувачот (галериите) кој ви ја донел пратката. Ова се однесува само за одредена сума при набавката, која галериите ќе ја проценат во зависност од сумата на порачката и во договор со купецот.

3. Плаќање на рати

Постои и начин на купување на рати, во зависност од сумата и количината на порачката кој го одредуваме заедно со купецот, а плаќањето e по договор со клиентот за начинот на исплата.

Доколку сте заинтересирани за купување на рати, контактирајте нè на телефон или е-пошта, но секогаш е најдобро лично да дојдете во галеријата и да ги договориме сите детали за купувањето.

4. Плаќање лично во една од галериите: галерија Мартин или АРТЕ галерија.

Ако сакате да нарачате уметничко дело преку Интернет или преку е-пошта, и сакате да платите во нашата галерија, можете да го направите тоа, откако ќе нарачате преку Интернет, контактирајте нè преку е-пошта   galerijamartin@gmail.com или по телефон во галерија Мартин или АРТЕ галерија на +38977566233 или +38977834150.

Начин на достава

Купеното дело преку аrtonline.mk може да се достави на која било адреса во државата и тоа преку курирска служба, откако делото ќе биде уплатено тоа ќе биде транспортирано до одредената дестинација преку курирска служба или лична достава од галериите по договор со купувачот на наш трошок.  

Доколку сте се одлучиле за достава по курирска служба испораката е следна:

Курирска служба врши достава до вашата адреса од понеделник до петок од 08-16 часот, рокот на испорака започнува следниот ден од денот на нарачката. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок на испорака е од 3-5 дена, на територијата на државата. Сите нарачки кои ќе бидат направени во петок или за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден. Испораката на пратката по курирска служба се врши само во работни денови, т.е. пакетите не се доставуваат за време на викендите. Задолжително е при самата достава заедно со курирот да го отворите пакетот за да проверите дали производот е добро сочуван и неоштетен.

Во случај на бесплатна испорака, трошокот е обврска на artonline.mk при првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот е на товар на клиентот. 

Доколку е потребна замена, трошокот за враќање и преземање го презема самиот купувач. Artonline.mk ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на делото. За да се замени или врати производот истиот мора да биде неоштетен и спакуван во првичното пакување. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

За купување на повеќе уметнички дела, во зависност од вредноста, галериите може лично да ги достават делата во Скопје и околината на Скопје, најчесто за време на викендите на ваша адреса, но тоа е според договорот продавач-купувач.

Начин на достава надвор од државата

Купеното дело преку аrtonline.mk може да се достави и надвор од државата преку следниве курирски служби или по договор со купувачот.

- За надвор од Македонија курирска услуга DHL Worldwide Express, FedEx, UPS, RSE optima, тие гарантираат брз и безбеден начин за пренос и испорака на пратката во меѓународниот сообраќај (во повеќе од 200 земји низ целиот свет).

Цената за испорака преку курирски служби зависи од местото на испорака и тежината на пакетот, и тие се наплатуваат според важечкиот ценовник на избраната курирска услуга и цената за испорака ја плаќа купувачот на сликата ова е за надвор од Македонија.

Осигурување

Аrtonline.mk дава можност да го осигурате вашиот пакет од ризик од загуба и оштетување на кои е изложен при транспорт во домашен и меѓународен транспорт. Осигурувањето е на ваш личен трошок.

Аrtonline.mk и галериите не се одговорени и не се  признава надомест во случај на загуба, оштетување или намалување на содржината на пратката што не е осигурана.

Доколку имате дополнителни прашања, истите може да ги доставите на e-mail: artonlinemk@gmail.com

Политики на користење

Со пристапувањето и користењето на интернет страницата на artonline.mk вие се согласувате и прифаќате без ограничување овие услови за користење. artonline.mk ги задржува правата за промена на овие политики и услови во било кое време, а настанатите промени ќе бидат истакнати на нашата страница.

Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

artonline.mk може во секое време и без претходна најава да ја промени или ажурира ова Политика на приватност и Условите на користење преку ревидирање на истата на сајтот. За да бидете во тек со евентуалните промени, ве повикуваме страницата повремено да ја прегледате дали такви промени настанале.

Политика за заштита на личните податоци

Со овој документ artonline.mk го одредува начинот на користење, собирање и обработување на вашите податоци кои доброволно ги доставувате  при користење на нашата страница. При потврдување на Вашата нарачка Вие давате согласност за обработка на вашите лични податоци.

Сите податоци за купувачите се обработуваат и се чуваат во строга тајност од страна на вработените на кои им се неопходни за извршување на работните активности и се во согласност  со прописите за заштита на личните податоци на Р.Северна Македонија. Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Доколку имате дополнителни прашања, истите може да ги доставите на e-mail: artonlinemk@gmail.com