gute..400

Драгутин Аврамовски-Гуте

Македонија , р. 1931

BIO:

ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ-ГУТЕ (11.03.1931 – 12.09.1986)
Драгутин Аврамовски-Гуте, роден 11.03.1931 година во Куманово, е претставник на една значајна генерација во современата македонска ликовна уметност, генерација која по војната се школуваше во Уметничката школа во Скопје каде завршил во 1951 година (професор му бил Лазар Личеноски). Во 1955 година дипломира сликарство, група графика на Загребската ликовна Академија за применета уметност, каде ги остварил своите први ликовни остварувања во светот, за подоцна да се формира како наш најистакнат и најплоден графичар, кој низ своето творештво минува низ неколку фази низ кои разновидно се остварува неговиот творечки потенцијал.
Тој е еден од основоположниците на Факултетот за ликовна уметност во Скопје 1980 година, професор, а подоцна и декан на факултетот-1985 година.
Фондацијата “Драгутин Аврамовски-Гуте”, ја доделува истоимената награда од 1987 година кога за првпат постхумно е доделена.
Аврамовски се вбројува во плејадата македонски современи уметници низ чие творештво се извршување мошне значаен и далекусежен процес на раѓање, градење и обликување на современиот ликовен израз. На нашата ликовна сцена се претстави со графички творби обликувани со постапка што може условно да се означи како интерпретирана фигурација.
1955 година е избран за член на ДЛУМ и за прв пат изложува на 10-та изложба на ДЛУМ -Скопје.
1958 година добил стипендија од фондот “Моша Пијаде” за студиски престој во Париз.
1958 станува професор по графика во Училиштето за применета уметност во Скопје, каде го формира графичкиот оддел воведувајќи ги сите графички техники.
На меѓународната сцена се промовира на III Медитеранско биенале во Александрија на кое ја добива првата награда за графика.
1961 година повторно престојува во Париз.
1964 Членува во Иницијативниот одбор за основање на Музејот на современа уметност-Скопје, (го изработува и првото лого за оваа институција).
Добитник на наградата “11 Октомври” 1966 за сликарство.
1967 Изработува проект за уметничата галерија во Куманово и учествува во нејзиното формирање.
1972 I Награда за амблем на Меѓународната шаховска олимпијада 1972 Скопје
1972 Награда за графика на ДЛУМ
1974 Признание по повод 30 години ДЛУМ
1984 Награда за ДЛУПУМ за долгогодишна работа на графичкиот дизајн,
1984 Награда “Димитар Пандилов” ДЛУМ
Во негова чест Факултетот за ликовни уметности во Скопје, студиската програма по графика и Фондацијата “Драгутин Аврамовски-Гуте”, традиционално ја организираат изложбата “Студентска графика -Драгутин Аврамовски-Гуте”

Слични автори

Драгутин Аврамовски-Гуте
Драгутин Аврамовски-Гуте
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
Ана Темкова
Ана Темкова
Македонија
Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
Боро Митриќески
Боро Митриќески
Македонија
Танас Луловски-Тане
Танас Луловски-Тане
Македонија
Душан Перчинков
Душан Перчинков
Македонија
Теофил-Тофе Шулајковски
Теофил-Тофе Шулајковски
Македонија
Александар Ристески
Александар Ристески
Македонија
Петар Мазев
Петар Мазев
Македонија
Ордан Петлевски
Ордан Петлевски
Македонија
Лена Стефанова
Лена Стефанова
Македонија
Томо Владимирски
Томо Владимирски
Македонија
Трајче Николовски
Трајче Николовски
Македонија
Александар-Цане Јанкуловски
Александар-Цане Јанкуловски
Македонија
Томо Шијак
Томо Шијак
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Сите дела од Драгутин Аврамовски-Гуте

Сите дела на нашиот сајт

  • Сите
  • Акрилик
  • Икона
  • Комбинирана техника
  • Масло
  • Принт
  • Скулптура
  • Филигран
  • Цртеж