
Александар Ивановски Карадаре
Македонија , р. 1943
BIO:
Александар Ивановски Карадаре е роден на 14.06.1943 година во Прилеп, Р.Македонија. Прилепскиот крај познат по каменот и камените форми силно ќе влијае при определбата на неговата животна професија. Своите први чекори во уметноста Карадаре ги отпочнува за време на школувањето во Училиштето за применета уметност во Скопје кое го завршува во 1964 година. По завршувањето на средното училиште се запишува на Академијата за ликовни уметности во Љубљана каде во 1968 година дипломира во класата на професор Зденко Калин. Извесен период работи како сценограф во МРТВ. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1967 година. Живее и работи во Скопје како слободен уметник.
Самостојни изложби:
1973-Скопје, Музеј на современата уметност (заедно со Ѓ. Матевски, и Р. Мијаковски)
1973-Битола, Уметничка Галерија “Моша Пијаде”
1973-Охрид, Завод и музеј на град Охрид
1984-Охрид, Изложбен салон на Домот на културата “Глигор Прличев”
1985-Белград, Ликовна галерија културног центра Београда
2008-Скопје, Национална галерија на Македонија, Мала станица (ретроспектива)
Награди:
1969-Скопје, Награда на споменик во Трница
1972-Струмица, Награда за споменик на Гоце Делчев
1974-Струга, Награда за споменик на НОБ
1979-Скопје, Откупна награда на МСУ од изложбата на Ситна пластика
1980-Скопје, Награда на биста на Видое Смилевски-Бато
1980-Скопје, Откупна награда на МСУ од изложбата на Ситна пластика
1980-Скопје, “Нерешки мајстори” за скулптура од изложбата на ДЛУМ
1980-Скопје, Награда на НУБ “Климент Охридски” за изложбата ДЛУМ-цртеж
1981-Нови Сад, II Награда за споменик на Коста Трифковиќ (југословенски конкурс)
1981-Белград, Награда за скулптура на изложбата “НОБ во делата на ликовните уметници на Југославија”, Дом на ЈНА
1982-Штип, Награда за споменикот посветен на Депортирањето на Евреите (југословенски конкурс)
1982-Александрија, II награда за скулптура на XIV медитеранско биенале
1983-Скопје Откупна награда на изложбата на Ситна пластика
1985-Скопје, Награда “Димо Тодороски” на изложбата на Ситна пластика Мурска Собота, Откупна награда на Помурски отпечаток, Југословенско биенале на ситна пластика
Слични автори
Сите дела од Александар Ивановски Карадаре
Сите дела на нашиот сајт
- Сите
- Акрилик
- Икона
- Комбинирана техника
- Масло
- Принт
- Скулптура
- Филигран
- Цртеж