boro-mitrikjeski

Боро Митриќески

Македонија , р. 1927

BIO:

Боро Митриќески (10.05.1927-24.11.2018)
Академик Боро Митриќески е роден 10.05.1927 во Прилеп, Македонија. Уметничко училиште завршил во Скопје 1948/49 година каде ги добива првите познавања за скулптурата од проф. Димо Тодоровски. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб 1954 година, во класата на скулпторот Вања Радуш.
По завршувањето на студиите, одреден период работи како ликовен педагог во основното училиште “Даме Груев” во Скопје, а потоа во текот на 60-тите години од минатиот век бил професор во Средното уметничко училиште во Скопје. Од 1979 до 1987 е директор на Уметничката галерија „Скопје“, (НУ Национална галерија на Македонија), на којашто функција и се пензионирал. Од 1997 година е редовен член во Македонската академија на науките и уметностите.
Во текот на својата професионална кариера бил на студиски патувања во: Франција, Англија, Грција, Русија, Египет, Шпанија, Германија, Австрија, САД, Канада, Полска, Шведска.
Боро Митриќески имал реализирано околу 17 самостојни изложби во Скопје, Прилеп, Пробиштип, Загреб, Белград, Виена и др, а има учествувано и на бројни изложби во земјава и во странство, а исто така изложувал и на изложбите заедно со членовите на ДЛУМ и групата МУГРИ.
Боро Митриќески зазема истакнато место во македонската ликовна уметност како припадник на т.н. средна генерација на македонските сликари и скулптори, генерација што внесе радикални промени во нашето пластично творештво, доближувајќи го него до најзначајните актуелни токови на современото европско и американско скулпторство, тој оствари портрети, камерни лирски форми, релјефи, монументални скулптури и композиции што претставуваат трајна вредност на македонската скулптура во изминатите шест децении.
Има изведено 10 споменици и поголем број спомен обележја:
1967 - Скопје, Скулптура од метал, Железара
1970 - Кратово, Споменик на Карпош
1972 - Оронско (Полска), Скулптури, мермер, 1972- Скопје, „Парк „Жена борец“, мермер
1981 – Фонтаната“Дојран”, Дојран
1990 - Споменик Св. Кирил и Методиј, бронза, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
2001 - 8 скулптури во дрво за проектот Сердарот
2002 - Три портрети – релјефи на паднати борци, спомен обележје во Крива Паланка, бронза
2003 - Портрет на Ацо Шопов, за Струшките вечери на поезијата, бронза; 2003- Портрет на Лазар Личеноски, дрво; 2003- Слободни форми, скулптури во рамките на проект на МАНУ, 2 во дрво, 2 во бронза, 2 во мермер
2004 - Портрет на Ацо Шопов, подарок на Домот на културата во Штип, гипс; 2004- Портрет на Блаже Конески, подарок на Домот на културата во Прилеп, гипс
2005 - Споменик на Ѓорѓи Кратовски, Кратово, бронза; 2005- Александар Македонски со својата свита, гипс; 2005- Александар Македонски на коњ, гипс
2006 - Сердарот и минијатури, 30-ина експонати во дрво, бронза и мермер; 2006- Борбата со Гегите, дрво, релјеф, поставен во свечената сала од Собранието на Македонија
2007 - Биста на Петре М. Андреевски, во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје; 2007- Споменик на Крсте Петков Мисирков, бронза, плоштад Пела, Скопје
2008 - Биста на Петре М. Андреевски, бронза, во Друштвото на писателите на Македонија, Скопје; 2008- Спомен обележја на Кочо Рацин и Блаже Конески, бронза, пред влезот на Друштвото на писателите на Македонија, Скопје; 2008- Портрет на Лазар Личеноски, дрво, Национална галерија на Македонија
Награди:
1964- Белград, посебна пофалница и диплома на II триенале
1965 - Октомвриска награда на СРМ за скулптура Скопје
1968 - Награда “Нерешки мајстори” на Есенската изложба на ДЛУМ
II Награда за скулптура на изложбата “25 години на АСНОМ” Скопје
II Награда на конкурсот за споменик на Крушево-1969 година
I Награда за споменик на жената борец Скопје- 1969 година
1969- Награда од ликовниот салон на “Струшките вечери на поезијата” во Струга

Акт
Скулптура
Контактирајте нè за цена

Акт
Скулптура
Контактирајте нè за цена

Слични автори

Драгутин Аврамовски-Гуте
Драгутин Аврамовски-Гуте
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
Ана Темкова
Ана Темкова
Македонија
Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
Боро Митриќески
Боро Митриќески
Македонија
Танас Луловски-Тане
Танас Луловски-Тане
Македонија
Душан Перчинков
Душан Перчинков
Македонија
Теофил-Тофе Шулајковски
Теофил-Тофе Шулајковски
Македонија
Александар Ристески
Александар Ристески
Македонија
Петар Мазев
Петар Мазев
Македонија
Ордан Петлевски
Ордан Петлевски
Македонија
Лена Стефанова
Лена Стефанова
Македонија
Томо Владимирски
Томо Владимирски
Македонија
Трајче Николовски
Трајче Николовски
Македонија
Александар-Цане Јанкуловски
Александар-Цане Јанкуловски
Македонија
Томо Шијак
Томо Шијак
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow
Драгутин Аврамовски-Гуте
Драгутин Аврамовски-Гуте
Македонија
Рубенс Корубин
Рубенс Корубин
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
Коле Манев
Коле Манев
Македонија
Александар Ивановски Карадаре
Александар Ивановски-Карадаре
Македонија
Ана Темкова
Ана Темкова
Македонија
Јовица Мијалковиќ
Јовица Мијалковиќ
Македонија
Доне Милјановски
Доне Милјановски
Македонија
Жарко Башески
Жарко Башески
Македонија
Свето Манев
Свето Манев
Македонија
Благоја Николовски
Благоја Николовски
Македонија
Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Стефан Хаџи-Николов
Стефан Хаџи-Николов
Македонија
Тони Чатлески
Тони Чатлески
Македонија
Ванчо Јаков
Ванчо Јаков
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Маја Стефановска
Маја Стефановска
Македонија
Димитар Манев
Димитар Манев
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Сите дела од Боро Митриќески

Сите дела на нашиот сајт

  • Сите
  • Акрилик
  • Икона
  • Комбинирана техника
  • Масло
  • Принт
  • Скулптура
  • Филигран
  • Цртеж