
Душан Перчинков
Македонија , р. 1939
BIO:
ДУШАН ПЕРЧИНКОВ е роден 10.04.1939 година во Скопје, Македонија.
Душан Перчинков е најзначаен претставник на геометриското сликарство, графичар, сликар, ликовен педагог и еден од најавтохтоните уметници.
1958-1963 – Студира на Академијата за ликовни уметности во Белград
1963-1966 – Магистерски студии на Академијата во Белград, во класата на Љубица Сокиќ
1969-1980 – Предава на Архитектонскиот факултет во Скопје
1965- Станува член на УЛУС, а една година подоцна и член на ДЛУМ
1970- Студиски престој во Париз како стипендист на Фондот “Моша Пијаде”
1980 – Професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје
2004- Музејот на современа уметност ја организираше неговата голема ретроспективна изложба. Учествувал на многубројни групни изложби во Македонија, некогашна Југославија, Велика Британија, Австрија, Франција, Италија и др.
Неговите дела се наоѓаат во Музеите на современата уметност во Скопје, Белград, Љубљана, Грац, во Националната галерија во Скопје и во повеќе приватни колекции.
1968-Добитник е на Октомвриската награда за сликарство на Македонија
1973-Добитник е III награда на Триеналето на југословенска графика во Битола
1974-Откупна награда на IV Меѓународно биенале на оригинален цртеж во Риека
1976- Награда за графика од Фондот “Моша Пијаде”
1977-Откупна награда на НУБ “Климент Охридски” Скопје
1978- Учество на изложбата на југословенскиот павилјон во рамките на Венециското биенале
1979- Откупна награда на Уметничката галерија-Куманово
1980- Откупна награда за графика на Уметничката галерија Скопје
1982-Откупна награда на Модерна галерија-Љубљана на 12 загребска изложба на југословенска графика во Загреб
1982-Откупна награда за цртеж на Музејот на современа уметност-Скопје
Слични автори
Сите дела од Душан Перчинков
Сите дела на нашиот сајт
- Сите
- Акрилик
- Икона
- Комбинирана техника
- Масло
- Принт
- Скулптура
- Филигран
- Цртеж