
Коле Манев
Македонија , р. 1941
BIO:
Коле Манев
Роден 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија.
1956- Се запишува во Средното уметничко училиште во Скопје,
1960- Се запишува на Ликовната aкадемија во Белград
1967-Заминува за Париз каде што останува да живее и работи 15 години.
1974- Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)
1980-Се враќа во Скопје, каде што живее и работи како слободен уметник.
Добитник е на голем број државни и меѓународни награди и признанија за сликарство и филм, меѓу која е и наградата во 2006 година од Француското Министерство за култура која му ја доделува наградата “Почесен витез на уметноста и творештвото “
Бил на студиски престој во Париз, а во Прага посетувал предавања за анимиран филм
Тој е македонски еминентен сликар, и филмски работник во областа на документаристика. Работел и како режисер на анимирани и документарни филмови, а има напишано и повеќе сценарија.
Има реализирано околу триесетина изложби и учесник е на многубројни групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот. Живее и работи во Скопје и во Лазарополе.
Слични автори
Сите дела на нашиот сајт
- Сите
- Акрилик
- Икона
- Комбинирана техника
- Масло
- Принт
- Скулптура
- Филигран
- Цртеж