lena-stefanova

Лена Стефанова

Македонија , р.

BIO:

ЛЕНА СТЕФАНОВА (1913-1991)
Лена Стефанова е родена 07,05,1913 година во Скопје, Македонија.
Лена Стефанова заедно со Кираца Висулчева и Катја Ефтимова ја сочинуваат првата академски образувана, еманципирана и ликовно зрела генерација во македонското современо сликарство која оди во чекор со основоположничката генерација на современото македонско сликарство, Пандилов, Личеноски, Мартиноски, Белогаски, Владимирски, Коџоман и со право се приклучува кон таа плејада значајни ликовни творци.
Првите знаења и искуства од областа на ликовната уметност ги стекнува во престижното француско училиште во Скопје 1930 година. Во тој период го посетува атељето на Олга Бенсон (1924-1928), кое ќе остави траен белег во нејзината определба за сликарството.
Член на ДЛУМ е од неговото формирање и учествувала на сите позначајни групни изложби заедно со основоположниците на современата македонска ликовна уметност.
Во периодот од 1945 – 1976 год работи како ликовен педагог во Женската гимназија во Скопје, во гимназијата во Велес и во неколку основни училишта. Два пати имала прекин во педагошката дејност и тогаш работела како дизајнер во одделот за килимарство во Институтот за фолклор, потоа како илустратор во весникот „Нова Македонија” и како слободен уметник. Најчести теми во нејзиното сликарство се пејзажот, цвеќето, мртвата природа, портретот и автопортретот преовладувајќи акварелната техника. Покрај акварелот нејзините дела можат да се сретнат и во маслена техника и цртеж.
Лена Стефанова никогаш во својот живот немала самостојна изложба, нејзините две самостојни изложби биле посмртно направени.

Слични автори

Драгутин Аврамовски-Гуте
Драгутин Аврамовски-Гуте
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
Ана Темкова
Ана Темкова
Македонија
Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
Боро Митриќески
Боро Митриќески
Македонија
Танас Луловски-Тане
Танас Луловски-Тане
Македонија
Душан Перчинков
Душан Перчинков
Македонија
Теофил-Тофе Шулајковски
Теофил-Тофе Шулајковски
Македонија
Александар Ристески
Александар Ристески
Македонија
Петар Мазев
Петар Мазев
Македонија
Ордан Петлевски
Ордан Петлевски
Македонија
Лена Стефанова
Лена Стефанова
Македонија
Томо Владимирски
Томо Владимирски
Македонија
Трајче Николовски
Трајче Николовски
Македонија
Александар-Цане Јанкуловски
Александар-Цане Јанкуловски
Македонија
Томо Шијак
Томо Шијак
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Сите дела од Лена Стефанова

Сите дела на нашиот сајт

  • Сите
  • Акрилик
  • Икона
  • Комбинирана техника
  • Масло
  • Принт
  • Скулптура
  • Филигран
  • Цртеж