petar-mazev

Петар Мазев

Македонија , р. 1927

BIO:

Петар Мазев (10.2.1927- 13.3.1993)
Петар Мазев е роден 1927 година во Кавадарци, Македонија.
Петар Мазев е еден од најзначајните автори на македонската современа ликовна уметност, и е еден од главните иницијатори за основање на ФЛУ во Скопје. Завршил Ликовна академија во Белград во 1953 година во класата на проф. Зора Петровиќ. Бил член на групата „Мугри“ и професор на Архитектонскиот факултет, Скопје
Неговото творештво започнува со фигуративни композиции (во педесеттите), а речиси една деценија подоцна го прифаќа енформелскиот израз, за по неколку години да дојде на идеја да ги стави паралелно на една иста слика овие два ракописи. Всушност неговиот експресионизам минал низ неколку фази, (во кои особено е значајна „белата фаза“), за да под влијание на апстрактниот експресионизам на Вилием де Куниг и групата Кобра создаде апстрактно-фигуративен експресионизам и силен колорит. Така неговото сликарство станува пример на можното заедничко опстојување на овие две ликовни експресии долго време антагонистички поставувани и толкувани.
Изработувал и мозаици и мурали: мурал во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанска банка и Државна болница 1971 година во Скопје и Спомен костурница во Велес-1979 година, керамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година, мурали (Автобуска станица во Кавадарци, скопската Железничка станица, Бриони, штофара “Вишешница“).
Мазев имал самостојни изложби во Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Цирих, Минхен и др. Земал учество и на бројни групни изложби како во нашите простори така и надвор од нашата држава како: САД, Кина, Индија, Германија, Франција, Италија, Швајцарија и др.
Добитник е на бројни награди и признанија:
1961 - Наградата „11 Октомври˝ на Република Македонија
1977 - Ноемвриска награда на Град Скопје
1979 - добива 1-ва награда на Југословенскиот конкурс за ликовно обликување на ентериерот на Спомен-костурница на загинатите борци од НОБ во Велес и велешко и истиот го изведува во мозаик.
1981 - добитник е на наградата „Моша Пијаде“ на Ликовниот салон во Цетиње и др.
Негови дела се наоѓаат кај голем број приватни колекционери во светот.
Петар Мазев почина во Скопје на 13 март 1993.

Слични автори

Драгутин Аврамовски-Гуте
Драгутин Аврамовски-Гуте
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
Ана Темкова
Ана Темкова
Македонија
Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
Боро Митриќески
Боро Митриќески
Македонија
Танас Луловски-Тане
Танас Луловски-Тане
Македонија
Душан Перчинков
Душан Перчинков
Македонија
Теофил-Тофе Шулајковски
Теофил-Тофе Шулајковски
Македонија
Александар Ристески
Александар Ристески
Македонија
Петар Мазев
Петар Мазев
Македонија
Ордан Петлевски
Ордан Петлевски
Македонија
Лена Стефанова
Лена Стефанова
Македонија
Томо Владимирски
Томо Владимирски
Македонија
Трајче Николовски
Трајче Николовски
Македонија
Александар-Цане Јанкуловски
Александар-Цане Јанкуловски
Македонија
Томо Шијак
Томо Шијак
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Сите дела од Петар Мазев

Сите дела на нашиот сајт

  • Сите
  • Акрилик
  • Икона
  • Комбинирана техника
  • Масло
  • Принт
  • Скулптура
  • Филигран
  • Цртеж