PROFILNA STRAHIL B&W

Страхил Петровски

Македонија , р. 1974

BIO:

Страхил Петровски е роден во 1974 година во Куманово, Република Македонија.
Страхил Петровски е претставник на средната генерација визуелни и мултимедијални уметници. Тој дипломира сликарство во 1997 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” - Скопје, Факултет за ликовни уметности, во класата на ред. проф. Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии на истиот факултет кај истиот ментор. Од 2000 до 2002 година работи како надворешен соработник, демонстратор по предметот Сликарска технологија и сликарски техники, кај проф. Момчило Петровски и проф. Вело Ташовски, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а од 2002 до 2010 година хонорарно е ангажиран во НУ Национален конзерваторски центар - Скопје како надворешен соработник, конзерватор во ателјето за конзервација и реставрација на икони. Учествува и во реализацијата на првиот научноистражувачки проект „Брестал”, под менторство на проф. Момчило Петровски, на Факултетот за ликовни уметности - Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како што се: сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Петровски, особено во последните години, користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања како постконцептуален дискурс, но и длабоко естетски решенија како формалистички интерес. Долги години, професионално се занимава со фотографија. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјата и во странство.
Член е на ДЛУМ од 1997 година, на ИКОМОС од 2001 до 2007 година и на ИКОМ од 2011 до денес. Работи како советник конзерватор - реставратор во НУ Национален конзерваторски центар - Скопје и како доцент по предметот фотографија на Факултетот за арт и дизајн при Европски Универзитет, Скопје.
Реализирал 16 самостојни изложби во земјата и странство.
Учествувал на повеќе од 80 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и семинари во Македонија и во странство: Скопје (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2017, 2019, 2020, 2021, 2022); Охрид (2017); Струга (2021); Неготино (1995); Тетово (1995, 2022); Куманово (1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2011, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021); Штип (1999, 2000, 2001); Самотраки, Грција (1999, 2001); Горњи Милановац, Србија (2000); Ниш, Србија (2022); Риека, Хрватска (2001); Велес (2001, 2002); Бугарија (2017); Словенија, Похорје (2001); Виена, Австрија (2002), Њујорк, САД (2003, 2005); Урбино, Италија (2018); Малезија (2018)
Добитник е на 8 значајни награди од областа на сликарството.

Зен 2
Акрилик
Контактирајте нè за цена
Зен 3
Акрилик
Контактирајте нè за цена
Птица
Акрилик
Нема на залиха
Птица 1
Акрилик
Контактирајте нè за цена
Woman with a hat
Акрилик
Нема на залиха

previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Зен 2
Акрилик
Контактирајте нè за цена
Зен 3
Акрилик
Контактирајте нè за цена
Птица 1
Акрилик
Контактирајте нè за цена
Птица
Акрилик
Нема на залиха
Woman with a hat
Акрилик
Нема на залиха

previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Слични автори

Рубенс Корубин
Рубенс Корубин
Македонија
Ана Темкова
Ана Темкова
Македонија
Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Коле Манев
Коле Манев
Македонија
Александар Ивановски Карадаре
Александар Ивановски Карадаре
Македонија
Благоја Николовски
Благоја Николовски
Македонија
Жарко Башески
Жарко Башески
Македонија
Томо Шијак
Томо Шијак
Македонија
Стефан Хаџи-Николов
Стефан Хаџи-Николов
Македонија
Данчо Кал`чев
Данчо Кал`чев
Македонија
Тони Чатлески
Тони Чатлески
Македонија
Доне Милјановски
Доне Милјановски
Македонија
Ванчо Јаков
Ванчо Јаков
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Вељо Ташовски
Вељо Ташовски
Македонија
Маја Стефановска
Маја Стефановска
Македонија
Јовица Мијалковиќ
Јовица Мијалковиќ
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Сите дела на нашиот сајт

  • Сите
  • Акрилик
  • Икона
  • Комбинирана техника
  • Масло
  • Принт
  • Скулптура
  • Филигран
  • Цртеж