tomo-shijak.

Томо Шијак

Македонија , р. 1930

BIO:

Томо Шијак (1930-1998)- Еден од најзначајните претставници на македонската авангарда
Томо Шијак е роден 15.03.1930 година во Косово Поле, додека пак своето детство го поминал во Добрево-Пробиштип. Академија за ликовни уметности завршил во Љубљана. Има реализирано повеќе самостојни изложби и студиски патувања во Франција, Италија, Англија Германија, Белгија, Швајцарија, Австрија итн.
1946-1950 работел во „Декор–биро“ во Скопје, период кога изработил голем број на портрети на историски и актуелни политички личности во поголеми димензии. Цртал илустрации во „Нова Македонија“, „Остен“, „Трудбеник“, „Единство“, „Спорт“ итн.
1953 Го извел својот прв мурал, монументалната декоративна композиција на Градската плажа во Скопје (долга околу 100 м.). Станува член на ДЛУМ и потоа на СЛУЈ.
1956 -1957 Во Скопје извел повеќе монументални сликарски композиции:
Мурали: Во бившиот ресторан „Вардар”, Инвалидскиот дом, хотелот „Турист”, киното „Бамби”, потоа во повеќе приватни куќи, во инвалидското одморалиште во Охрид, ресторанот „Атина” во Белград итн. Прави фигури за куклениот театар „Силјан Штркот”. 1967 Организира изложба во своето ателје. 1972 Го изработува „Симболот на правдата” во зградата на Општинскиот суд 1 во Скопје.
1975 Се вработува како советник за ликовна уметност во Собранието на Република Македонија во Скопје, се до своето пензионирање.
1982 Се занимава со илустрации, ТВ и балетска сценографија, плакат и фотографија итн.
Едно од позначајните претставувања е Биеналето во Венеција 1978 година, кога Шијак го изложува делото „Ден“ и „Ноќ“, заедно со Петар Хаџи Бошков и Душан Перчинков од Македонија, групата „Шемпас“ од Словенија, Иво Фришчиќ од Хрватска и Предраг Нешковиќ од Србија, како официјални претставници на СФРЈ на Биеналето во Венеција на тема „Од природата кон уметноста и од уметноста кон природата“.
Шијак до крајот на својот живот останува доследен на смелото експериментирачко дејствување и на препознатливите дела, на неговите најиновативни и естетски најзначајни „мусандри“, во колективната македонска уметничка меморија ќе останат запаметени како икони што зрачат со аурата на нивната трансцендентална моќ.
Добитник е на повеќе награди:
1977- Втора награда на Есенскиот салон во Бања Лука,
1986-Нерешки мајстори на изложбата на ДЛУМ,
1986-Орден на трудот со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ,
1988-Наградата „11 Октомври" за долгогодишни остварувања.

Оплакување
Масло
Контактирајте нè за цена

Оплакување
Масло
Контактирајте нè за цена

Слични автори

Трајче Јанчевски
Трајче Јанчевски
Македонија
Томо Шијак
Томо Шијак
Македонија
Иван Велков
Иван Велков
Македонија
Вангел Коџоман
Вангел Коџоман
Македонија
Миле Корубин
Миле Корубин
Македонија
Борислав Траиковски
Борислав Траиковски
Македонија
Боро Митриќески
Боро Митриќески
Македонија
Александар-Цане Јанкуловски
Александар-Цане Јанкуловски
Македонија
Танас Луловски-Тане
Танас Луловски-Тане
Македонија
Душан Перчинков
Душан Перчинков
Македонија
Теофил-Тофе Шулајковски
Теофил-Тофе Шулајковски
Македонија
Александар Ристески
Александар Ристески
Македонија
Петар Мазев
Петар Мазев
Македонија
Ордан Петлевски
Ордан Петлевски
Македонија
Лена Стефанова
Лена Стефанова
Македонија
Томо Владимирски
Томо Владимирски
Македонија
Трајче Николовски
Трајче Николовски
Македонија
previous arrowprevious arrow
next arrownext arrow

Сите дела од Томо Шијак

Сите дела на нашиот сајт

  • Сите
  • Акрилик
  • Икона
  • Комбинирана техника
  • Масло
  • Принт
  • Скулптура
  • Филигран
  • Цртеж